Роси е вистински доктор: Италијанецот постави неверојатен рекорд!

Италијанскиот возач Валентино Роси со освојувањето на второто место на Големата награда на Аргентина стигна до неверојатен успех, откако 24. година по ред се искачувал барем еднаш на подиумот.

За возачот на Јамаха тоа беше прв подиум од 15 јули минатата година и Големата награда на Германија, кога го освои второто место.

Деветкратниот светски шампион во Мото ГП класата дебитираше во 1996 година во Малезија и во меѓувреме на 233 трки се качи на подиумот.

Мото ГП шампионатот продолжува на 14 април со трката за Големата награда на Америка.