Рома заврши во болница со тешки повреди откако се преврте во автомобилот (ФОТО)

Каталонскиот возач Нани Рома го заврши својот настап на најтешкото рели Дакар, откако денеска се преврте со својот автомобил и поради тешките повреди беше итно префрлен во болница на дополнителни испитувања.

Рома при голема брзина се превртел со автомобилот на најтешкото и најпрестижно светко рели, во момент кога се наоѓал пред целта. Тој спроед информациите на медиумите има посериозни повреди поради кои беше евакуиран итно до аеродромот Ица, а оттаму до Лима (Перу) каде е префрлен во англо-американска болница за дополнителни тестови.

Неговиот ко-пилот Алекс Харо не е повреден.

Релито Дакар годинава се вози низ Перу, Чиле и Аргетина и е едно од најтешките, каде многу често се случуваат големи незгоди.