Рикиардо си заминува од Ред Бул на крајот на сезонава

Актуелниот возач на Ред Бул, Австралиецот Даниел Рикиардо ќе го напушти овој тим во Формула 1 на крајот на оваа сезона, објави поранешниот светски првак на својата интернет-страница.

Рикиардо беше дел од Ред Бул од 2008 година, прво како дел од јуниорскиот тим, освојувајќи многу јуниорски титули, а дебитираше во Ф1 во 2011 година на британското гранпри. По две годни во Торо Росо, Рикиардо повторно се врати во Ред Бул во 2014 година и досега има седум победи, 19 пласмани на подиумот, две пол-позиции и вкупно 904 освоени поени во Ф1.

„Потполно ја почитуваме одлуката на Даниел да замине од Астон Мартин Ред Бул и му посакуваме сè најдобро во иднина. Сакаме да му заблагодармие за посветеноста и улогата која ја имаше од доаѓањето во тимот во 2014 година, за неговите седум победи, 29-те пласмани на подиумот. Сега ќе видиме кои се нашите опции за партнер на Макс Верстапен за 2019 година. До тогаш има уште девет трики во оваа 2019 и максимално сме фокусирани за секоја од нив за двајцата наши возачи, Макс и Даниел“, рекол Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул.