Рикардо му го донесе првото славје на Ред Бул во оваа сезона

Возчот на Ред бул, Дани Рикардо, е победник на трката за Големата награда на Кина.

Австрискиот возач во 46-от круг го помина Ботас и му ја донесе на Ред бул првата победа во оваа сезона, а вкупно шеста во неговата кариера.

Второто место го освои Кими Раиконен, а трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Хамилтон стартуваше од четвртото место во квалификациите и не успеа да се пробие понапред, додека Себастијан Фетел беше жртва на некоректно претекнување од Макс Ферстапен, губејќи скапоцени секунди додека се врати во трката. Ферстапен доби казна од 10 секунди, но на крајот и тоа не му попречи да го освои петтото место, веднаш зад Хамилтон кој ја заврши трката на истата позиција од која стартуваше.

Фетел на крајот беше осми, шестото место му припадна на Хулкенберг, седмото на Алонсо, а на деветтата и десеттата позиција се најдоа Саинц и Магнусен.

По оваа трка, во генералниот пласман води Фетел со 54 бодови, а следуваат Хамилтон со 45 и Ботас со 40 бодови.