Рено го претстави болидот за новата сезона во Формула 1 (ВИДЕО)

Екипата на Рено го претстави својот нов Р18 болид со кој Карлос Саинц и Нико Хулкенберг ќе се обидат да се борат за победничкиот подиум во 2018. година.

Поминаа повеќе од десет години од двете шампионски титули во Формула 1, кои Рено ги освои со Фернандо Алонсо, но враќањето пред три години во елитното автомобилско натпреварување полека дава резултати.

Првиот впечаток по претставувањето е добар, но дури по тестирањата наредната недела, ќе се покаже дали Рено е доволно блиску да се бори за самиот врв во новата сезона.