Ред Бул со драстично изменет болид ќе вози во новата сезона (ФОТО)

Австриската екипа од Формула 1, Ред Бул Рејсинг, објави прва фотографија од својот нов болид „РБ15“, кој во 2019 година ќе користи мотор на Хонда.

Дизајнот на автомобилот е променет во однос на минатогодишниот, боите се црвена и сина, но по традицијата која ја негува тимот, тоа не мора да биде конечно решение за новата сезона.

Ред Бул ќе соработува со Хонда, иако Јапонците во 2018 година беа последно место меѓу произведувачите на мотори. И покрај прекинот на соработката со Рено, Ред Бул задржа еден од своите спонзори – Тај Хојер.