Ред Бул има нов пилот: Пјер Гасли доби шут - карта

Во текот на летната пауза во Формула 1, која ќе трае уште две недели, ќе дојде до голема промена во тимот на Ред Бул.

Иако тимовите имаат пауза јасно е дека работат со полна пареа за да ги подобрат своите болиди пред почетокот на втората полу-сезона.

Сепак,неочекуван потег направи Ред Бул кој одлучи да го промени возачот, па така од тимот соопштија дека Пјер Гасли повеќе не е нивни член, а на негово место ќе дојде Алекс Албон кој во досегашниот дел од сезоната возеше за Торо Росо.

Гасли дојде како замена за Рикардо, но не се покажа и во Ред Бул одлучија да не го задржат до крајот на сезоната и изненадувачки на негово место го доведоа Албон.

Кога во прашање е Гасли тој до крајот на сезоната ќе вози за Торо Росо.