„Размислував да го напуштам Формула 1 шампионатот“

Поранешниот шампион Фернандо Алонсо призна дека размислувал да се откаже од Формула 1 (Ф1) и да се посвети на освојување на тројната титула, која покрај триумфот во Монако подразбира и победа во трките во Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман.

Алонсо се натпреваруваше минатата година во трката Инди 500, а оваа сезона својата програма во Ф1 ќе ја искомбинира со трката во Ле Ман.

„Размислував за можноста да завршам со Формула 1. По трката Инди 500 мислев дека наредната година би можел да пробам да возам и во другите серии, па целосно да се посветам на тројната круна. Меѓутоа, сфатив дека не е време да се откажам. Знам дека би жалел поради тоа до крајот на животот. Верувам дека работите ќе бидат поинакви“, вели Шпанецот.