Раиконен „уништи“ новинар со генијален одговор, а Хамилтон „прсна“ од смеење (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион, 38-годишниот фински возач Кими Раиконен на крајот на сезоната ќе го напушти Ферари, во кој ќе го замени досегашниот возач на Заубер, Чарлс Леклер

Раиконен по пет години повторно ќе го напушти Фрари, за кој првпат возеше од 2007 до 2009. година, но сезонава повторно возеше за екипата.

Финецот во 285 настапи во Формула 1 имаше 20 победи, 100 пати се искачи на победничкиот подиум, а 18 пати беше најбрз во квалификациите.

По 14 од 21 трка сезонава, Раиконен се наоѓа на третата позиција со 164 бодови, а пред него е Луис Хамилтон со 256 бодови и Себастијан Фетел со 226 поени.

Пред трката за Големата награда на Сингапур беше одржана конферација за новинарите на која Финецот беше одличен и „уништи“ еден новинар, кој очигледно го нервираше со прашањата.

„Не беше ваша одлука да го напуштите Ферари, но беше ваша за да се вратите во Заубер. Може ли да ни објасните зошто го направивте тоа“, праша новинарот.

На тоа Раиконен веднаш имаше контра-прашање.

„А зошто не би се вратил?“, запраша Раиконен.

На тоа новинарот возврати со уште едно прашање со кое сакаше да дознае дали уште е загреан за тркање. По што следуваше легендарниот одговор на Раиконен, од кој „прсна“ од смеење Луис Хамилтон.

„Не, не сум. Останувам само за да си играм со вас новинарите. Заминувам во Заубер две години за да бидам несреќен“, саркастично одговори Финецот.