Раиконен најбрз на тестовите, нови проблеми за Мекларен!

Ферари продолжува да постигнува најдобри времиња на тестовите пред новата сезона, откако Кими Раиконен постигна време од 1:17,221.

Веднаш зад возачот на Ферари пристигна Роман Грожан од тимот на Хас, со задоцнување од 1,3 секунди зад Раиконен додека Брендон Хартли беше трет од Торо Росо.

Светскиот шампион Луис Хамилтон беше петти од Мерцедес, но „сребрените стрели“ уште еднаш беа фокусирани на возење на повеќе кругови на патеката „Каталуња“.

И покрај тоа што поголемиот дел од возачите имаа успешен ден, проблемите за Мекларен и Фернандо Алонсо не престануваат. Тие доживеа уште еден катастрофален ден и Шпанецот возеше само седум кругови, пред да се соочи со проблемите.

Екипата сѐ уште не открива кој бил проблемот со возилото, но дефинитивно нешто не е во ред, откако пред два дена имаа проблеми со течење на масло.

Рено исто така имаа проблеми, откако Карлос Сајнц се соочи со проблеми со своето возило кое набрзо мораше да биде испратено во гаражата за да се поправи дефектот.