Радикални промени во Ферари: Отказ за шефот Маурицио Аривабене

Маурицио Аривабене повеќе не е шеф на Формула 1 тимот, откако раководството решило да му врачи отказ. Тој требаше да го води тимот до шампионска титула за прв пат по 2007 година, но откако не успеа да ја прекине доминацијата на Мерцедес, време е да го препушти местото на друг. 

Според „Газета дело Спорт“, досегашниот технички директор Матија Биното ќе добие унапредување и ќе биде главен во Ферари во 2019 година. Изминатата сезона имало сериозни тензии помеѓу Аривабене и Биното, особено кон средината од сезоната, кога шансите на Ферари за титулата почнале да бледеат.

Промените во раководните структури во Ферари почнаа и со претседателот, откако Џон Елкан го наследи Серџо Маркионе. Биното е познато лице во таборот на тимот од Маранело, бидејќи е дел од Ферари речиси две децении.