Прегазениот механичар на Ферари испрати порака од болница (ФОТО)

Победата на Себастијан Фетел во Бахреин остана во сенка на инцидентот, кој се случи во пит-стопот на Ферари кога Кими Раиконен го повреди механичарот Франческо Сигарини.

Непријатна беше сцената, а сите во екипата останаа шокирани, сепак Сигарини набрзо по инцидентот беше префрлен во болница, а денеска испрати порака до сите за неговата состојба.

„Операцијата беше во ред. Ви благодарам на сите кои се грижевме за мене“, напиша механичарот на Инстаграм.