Познат е календарот за претставување на болидите, а тимот кој ќе го „скрши мразот“ е – Рено!

Подготовките за новата сезона во Формула 1 се во тек, а тимовите работат на подготвување на новите болиди, кои ќе ги користат во наредната сезона.

Актуелниот шампион на Формула 1, Мерцедес неодамна потврди дека ќе го претстави болидот за новата сезона на 22 февруари и тоа на легендарната патека во Англија, Силверстоун. Четири денови подоцна ќе ги започнат и официјалните тестови на патеката во Барселона.

Истиот ден ќе се претстави и болидот на Ферари, но од италијанскиот тим кажаа дека церемонијата ќе биде од затворен тип и ќе видиме само фотографии од новиот болид.

Прв кој би требало да го претстави својот нов болид е Рено, кој треба да го направи тоа на 20 февруари, но како и на Ферари, нивната церемонија ќе биде затворена за очите на јавноста. Мекларен ќе има претставување на 23 февруари, а Торо Росо и Форс Индија еден ден подоцна.