Позитивен тест на Ковид-19 не може да откаже трка во Ф1

Генералниот директор на Формула 1, Чејс Кери кажа дека трките нема да бидат откажани доколку возачот или член на тимот биде позитивен на коронавирусот.

Организаторите на Ф1 вчера најавија дека сезоната ќе почне на 5 јули со трката во Австрија.

„Имаме процедура која ќе ни помогне да ги организираме трките. Позитивен тест на Ковид-19 нема да откаже трка. Ако возачот е заразен, тимовите имаат резервни возачи. Постојат многу сценарија, но ако тим не може да се натпреварува, ниту тоа нема да биде причина за откажување на трка“, кажа Кери.