Потврден календарот во Ф1: Сезоната почнува на 17 март, а завршува на 1 декември

Десет дена после завршување на оваа сезона во Формула 1, во која луис Хамилтон убедливо го одбрани шампионскиот пехар и дефинитивно е потврден календарот за новата сезона идната година во „октанскиот циркус“ во која ќе се возат 21 трка.

Сезоната тргнува традиционално од Австралија на „Мелбурн парк“ на 17 март, а ќе заврши со трката во Абу Даби на 1 декември, а единствена промена во календарот е тоа што прво ќе се вози гран-прито на Мексико, а потоа на САД.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА ТРКИ ЗА 2019 ГОДИНА

17 март – ГН на Австралија (Алберт парк)

31 март – ГН на Бахреин (Шахир)

14 април – ГН на Кина (Шангај)

28 април – ГН на Азербејџан (Баку)

12 мај – ГН на Шпанија (Монтмело)

26 мај – ГН на Монако (Монте Карло)

9 јуни – ГН на Канада (Жил Вилнев)

23 јуни – ГН на Франција (Пол Рикард)

30 јуни – ГН на Австрија (Ред Бул Ринг)

14 јули – ГН на В. Британија (Силверстоун)

28 јули – ГН на Германија (Хокенхајм)

4 август – ГН на Унгарија (Хунгароринг)

1 септември – ГН на Белгија (СПА)

8 септември – ГН на Италија (Монца)

22 септември – ГН на Сингапур (Марина Беј)

29 септември – ГН на Русија (Сочи)

13 октомври – ГН на Јапонија (Сузука)

27 октомври – ГН на Мексико (Ерманос Родригез)

3 ноември – ГН на САД (Остин)

17 ноември – ГН на Бразил (Интерлагос)

1 декември – ГН на Абу Даби (Јас Марина)