Порше ќе се трка во Формула Е од идната година

Еден од најголемите автомобилиски гиганти Порше ќе се натпреварува во Формула Е, откако Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ја прифати апликацијата овој гигант за нов член во светската серија на електрични трки во својата шеста сезона.

Ова значи дека фабричкиот тим на Вајз сах може да продолжи со развојот на сопствениот електричен погон, кој се должи на хомологација во 2019 година, а како што беше најавено на крајот од јули 2017 година, Порше планира да биде меѓу оние што се натпреваруваат во шестата сезона на светската серија на електрични трки на крајот од 2019 година.

„Во текот на изминатите неколку години, ФИА и Алехандро Агаг направија фантастична работа“, вели Фриц Ензингер од Порше, кој како заменик-претседател е задолжен за програмата за Формула Е. „Тоа е резултат на овој развој што овозможува да можеме да се натпреваруваме против голем број од најголемите светски производители на автомобили“.

По успешниот проект на Ле Ман Прототајп 919 хибрид, Андреас Сејдл ќе биде одговорен и за техничкиот развој и изведувањето на програмата Формула Е.

„Можностите и перформансите на електричните автомобили се централна тема на Порше веќе долго време. Колку подлабоко нашите инжинери влегуваат во темата, толку повеќе фасцинантни решенија ќе произлезат. Со голема антиципација го чекаме нашето прво возило во почетокот на 2019 година во кое ќе биде тестиран нашиот сопствен погон во него. Ген2-болидот, кој беше откриен од страна на Формула Е во Женева во почетокот на март е перфектно изведен“, вели Сејдл.

Формула Е ја обезбеди шасијата, како и батеријата, но сите компоненти на погонот се сопствени додатоци на конкурентитеи тоа му овозможува на Порше да најде решенија за клучните технологии, како што се електричниот мотор, инверторот, системот за сопирачки по жица, менувачот, диференцијалот, погонските споеви, монокок шасијата, компонентите на суспензијата прикачени на задната оска, како и системот за ладење и единицата за контрола на моторот. Енергетската ефикасност на погонскиот мотор не само што игра клучна улога во конкурентноста, привлекувајќи многу од најпознатите светски производители на автомобили, но исто така е клучна за развојот на патните електрични возила.

Инаку влегувањето на Порше во Формула Е во 2019 година ќе се совпадне со почетокот на производната верзија на концептната студија „Мишн Е“, а овој болид е првиот електричен Порше, кој ќе биде најпрефинетиот спортски и технолошки напреден автомобил во својата класа.

Порше ќе инвестира повеќе од шест милијарди евра во електрична мобилност пред крајот на 2022 година.