Поранешниот шеф на Ферари откри детали од страшна несреќа на Шумахер

Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер, уште се рехабилитира од несреќата која ја доживеа на скијање пред неколку години, па малкумина знаат каква е неговата вистинска состојба.

Шумахер многу време беше во кома, но семејството не сакаше да се откаже од борба. Сепак, веќе некое време нема информации за тоа во каква состојба се наоѓа германскиот возач, а поранешниот шеф на Ферари, Стефано Доменикали кажа дека возачот никогаш не сакал да зборува за несреќите.

Доменикали се потсети на трката на Силверстоун во 1999. година кога Шумахер имал страшна несреќа. Тогаш ја скршил само ногата, а животот му го спасила брзата реакција на лекарите, откако со болидот на Ферари се удрил во ѕид покрај патеката.

„Секогаш се чудев како Шумахер никогаш не зборуваше ништо против својата екипа, а имаше што да каже многупати. Се сеќава на трката кога ја скрши ногата. Не го поправивме дефектот во болидот и немаше притисок, па сопирачките откажаа.  Тоа беше голема грешка на екипата, која можеше да го чини животот, но тој тоа никогаш не го кажа јавно“, кажа Доменикали.