Пол - позицијата за Маркез: Шпанецот испиша нов рекорд во Мото ГП (ВИДЕО)

Пилотот на Репсол Хонда, Марк Маркез ја освои пол - позицијата на трката за Големата награда на Австрија, во Мото ГП шампионатот.

Ова за него е 59. пол - позиција во кралската класа, со што постави нов рекорд, минувајќи го легендарниот Мик Дуан.

Зад Маркез, од второто место на утрешната трка (14 часот) ќе стартува Квартараро, додека трет на стартно целната рамнина ќе биде Андреа Довициозо.

Од останатите возачи Маверика Вињалес се избори за четврто место, пред Френческо Бањаи и Такаки Накагами кои ги бранат боите на ЛЦР Хонда.