Пол-позиција за Довициозо, Роси тргнува втор во Чешка! (ВИДЕО)

Андреа Довициозо ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Чешка во Брно, а втор ќе почне Валентино Роси. Додека зад нив завршија Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.

Во текот на првите квалификации беше најбрз Маверик Вињалес, а втор беше Алекс Ринс и тие двајца поминаа во вторите квалификации, каде што Маркез имаше најдобро време, а најголемо изненадување во тие моменти беше Лоренцо.

На крајот најдобар во квалификациите беше Довициозо со време од 1.54.689, а Роси и Маркез задоцнија малку повеќе од две десетинки.