Почина Чарли Вајтинг, директорот на трките во Ф1

Чарли Вајтинг, директорот на трките во Формула 1 и делегатот за безбедност во „најбрзиот циркус“, почина на 67-годишна возрасст во Мелбурн.

Според истите извори, причината за смртта е емболија на белите дробови. Вајтинг почина само еден ден пред стартот на новата сезона во Ф1.

„Со голема тага соопштувам дека почина нашиот Чарли. Го познавав многу години, тој беше одличен директор на трките, централна и единствена фигура во Ф1, која воспостави етика и дух во спортот“, кажа Жан Тод.

Вајтинг во 1977 година ја почна кариерата во Ф1, откако работеше во екипата Хескет Рејсинг. По 20 години беше поставен за директор на трките и делегат за безбедност.