По пауза од една деценија: Викендов Крушево ќе брмчи од автомобили

По пауза од една деценија, Крушево повторно ќе биде домаќин на автомобилистичка трка во рамките од сезоната во ридско-брзински трки во македонскиот автоспорт, па викендов како дел од манифестацијата „10 дена Крушевска република“ ќе се вози трката од село Острилци до Мечкин Камен во должина од 7,2 километри.

Трките во Крушево своевремено беа едни од најатрактивните, најмногу и поради должината, ногуте свиоци и сега повторно е дел од календарот во новата сезона, во која веќе се возеа трки на Водно и на Плачковица.

Утре наутро од 7.30 часот до 10 часот е техничкиот преглед и верификацијата по што се предвидени двата тренинзи од 12 и 12.30 часот. Трката стартува во 11.30 часот, откако пред хотел „Монтана“ во 10 часот ќе биде свеченото отворање на настанот. кога е закажано првото возење, а од 13 часот е второто возење. Поради овие ридско-брзински трки, регионалниот пат ќе биде затворен в сабота и в недела од 11 часот.

Ќе се возат трки во шест класи со вкупно пријавени 29 возачи и автомобили кои ќе се тркаат.