Пежо доминираше на вторта етапа: Триумф на Сирил Депре

Петкратниот победник на релито Дакар во конкуренција на мотоциклисти, Сирил Депре денеска триумфираше на втората етапа во конкуренција на автомобили. 

Втората етапа во Писко, Перу, се возеше во должина од 267 километри, а благодарение на денешната победа се искачи и на првото место во генералниот пласман. Второто место денеска го освои Штефан Петерхансел, додека хет-трикот на Пежо го комплетираше Себастијан Лоеб.

Во конкуренција на мотоциклисти најбрз беше возачот на Хонда Жоан Бареда. Втор беше Адрен ван Беверен на Јамаха, а трет беше Матијас Валкнер на КТМ. Со оваа победа Шпанецот поведе и во генералниот пласман со минута и 39 секунди предност пред Ван Беверен.

Утре се вози третата етапа од Писко до Сан Хуан де Марконе во должина од 502 километри, а специјалот ќе изнесува 295 километри.