Перез го победи ковид-19 и ќе вози на трката во Шпанија

Мексиканецот Серхио Перез се рехабилитираше од коронавирусот и ќе вози на трката за Големата награда на Шпанија, која е на програмата за викендов.

Перез се зарази со вирусот пред две недели, па ги пропушти двете трки на Силверстоун, а на негово место возеше Нико Хулкенберг.

Германскиот возач во првата трка на Силверстоун имаше проблем затоа што не му тргна болидот, додека пред неколку дена успеа да ја освои седмата позиција.

Хулкенберг сега ќе се повлече затоа што Перез се враќа во болидот на Рејсинг поинт и ќе вози на трката.