Патувајте безбедно и весело со автомобилите и вановите на Opel

• Вселенски шатлови: новаta Opel Zafira Life и наградениот Opel Combo Life

• Патувајте со стил и удобност: Opel Astra и Opel Insignia Sports Tourer

• SUV за одмор: Opel Grandland X со оптимална видливост и товарен простор

• Додатоци: превозни и транспортни системи за викенди и за подолги патувања

• Багажник: FlexOrganizer® го чува багажот на своето место

Риселсхајм. За совладување на ридовите или погоден за плажа? Без оглед на дестинацијата за претстојните празници и годишни одмори, автомобилите, комбињата и спортските возила од Opel - Grandland X, Combo Life, Astra Sports Tourer, Insignia Sports Tourer и новата Zafira Life - имаат нешто заедничко: многу простор и удобност за патниците и нивниот багаж. Најважно од сè - багажот мора безбедно да се складира, и покрај тоа, патувањето треба да биде релаксирачко. Затоа, Opel нуди широк опсег на практична опрема за своите различни модели.

До 1.665 литри: Opel Sports Tourers нуди многу багажен простор

Многу простор и флексибилна дистрибуција на багаж се силните страни на караваните на Opel, на Astra Sports Tourer и Insignia Sports Tourer. Astra Sports Tourer може да ги дели задните седишра во размер 40: 20: 40 и до 1.630 литри волумен на багаж. Insignia Sports Tourer нуди дополнителни 35 литри простор. Со 1.665 литри багажен простор, предводник е на караваните на Opel и е идеален за „целосно“ пакување и возење на долги релации. Истото важи и за елегантниот Grandland X. Најголемиот SUV на Opel не нуди само 1.652 литри волумен на багажниот простор, туку и типичнао висока положба за седиштата, што им дава добра видливост на возачот и патниците.

Opel дури размислуваше и за тоа како се пристапи до багажникот, ако вашите раце се полни: опционалната сензорска контрола на задната врата на Astra и Insignia Sports Tourer и Grandland X е отворање со движење на ногата под задниот браник.

Опционалниот FlexOrganizer® го чува багажникот на Sports Tourer чист и уреден. Благодарение на шините во подот, мрежите што го делат просторот и разните додатоци, има место за се што е во багажникот. Како и во караваните, на Grandland X може да се инсталира решетка за заштита на патничкиот простор од предмети во багажникот. Со цел да се спречи движење на предметите во багажникот дури и при силно сопирање, сигурносната мрежа што се прицврстува во подот исто така е достапна за Grandland X. Умни додатоци, како што се двострани душеци и се нудат и водоотпорни патосници.

Оние кои сакаат да земат повеќе багаж со нив во нивните Opel каравани и комбиња ќе најдат голем избор на флексибилни системи за транспорт и за превоз кои создаваат дополнителен простор за складирање. Со своите стандардни покривни шини, Opel Sports Tourers може да носи максимално од 75кг (Astra), 85кг (Grandland X) и дури 100кг (Insignia). Лесно се инсталираат кровни куќишта и носачи за велосипед, кои лесно сепоставуваат и се растоваруваат. Opel нуди и разновидни носачи на маунтин бајк велосипеди.

Место за сè: Транспортни кутии и повеќе за уреден багажник

Семејствата исто така патуваат безбедно и се е организирано во Opel Combo Life - мулти активно возила и во пространото комби Zafira Life. Покривот станува дополнителна транспортна површина благодарение на носачите на покривот за кутии или велосипеди; и со четири (Combo) или шест држачи (Zafira Life) со кои багажот може да се обезбеди. Во Combo Life, "best Buy Car in Europe 2019", опционална мрежа го одделува патничкиот простор од багажникот. Покрај тоа, голем број додатоци, како што се разни душеци и подни покривки со анти-лизгачки слоеви, го штитат багажниот простор од удари и гребнатинки кои често се појавуваат за време на товарење и растоварање.

Дополнителен, исклучително практичен додаток за одмор е двонасочната, преклоплива транспортна кутија со димензии 61x34x31см. Може да носат многу помали предмети, како што се картички или книги кои инаку би останале расфрлани наоколу. Ако кутијата е испразнета и повеќе не е потребна на дестинацијата, може да се склопи до дебелина од само 3,0см.

Безбедност за сите: Специјални седишта и ремени за мали патници

Opel исто така размислува за безбедноста на најмладите патници и нуди детски седишта и системи за деца од сите возрасни групи (стандард ECE-R 44/04), прилагодени за секој модел. Во Combo Life, на пример, во вториот ред може да се инсталираат три детски седишта едно до друго. Седиштата може лесно да се наместат благодарение на ISOFIX приклучоците или стандардни ремени со три точки на затегање.

Последно, но не и најмалку важно, четириножните членови на семејството често се исто така важни. Така е и со безбедноста за нив. Кучињата кои тежат до 8 килограми можат да се вози безбедно и опуштено на задното седиште, благодарение на специјалниот безбедносен ремен за кучешкиот појас; и кога удобно седи на кучешкото ќебе, седиштата се заштитени. Алтернативно, кучињата можат да легнат на подот покривот на багажникот со анти-лизгачки слој, како и во Grandland X.