„Ова е наша грешка, Фетел не требаше да биде прв возач“

Ферари тргна полошо од очекуваното во новата сезона од Формула 1, па по две трки поради непотребни пропусти им дозволија на ривалите од Мерцедес да освојат повеќе бодови, а шефот Матија Биното ја открива причината поради слабите резултати.

Пред почетокот на сезоната на основа на искуство и репутација, Себастијан Фетел ја доби позицијата на прв возач, додека помладиот колега Шарл Леклер, како нова млада ѕвезда го доби второто место.

„Згрешивме. Себастијан не требаше да биде наш прв возач. Кога јас би одлучувал, тогаш ниту еден возач немаше да биде прв или втор, туку би ги пуштил да возат. Но, сега сме голем тим и за секој детал решаваат многу луѓе“, вели разочараниот Биното.

Во генералниот пласман по трките во Австралија и Бахреин лидер е Валтери Ботас, а неговиот колега Луис Хамилтон се наоѓа на второ место, додека трет е Макс Ферстапен, Леклер е четврти, а Фетел е петти.