Официјално: Синот на Шумахер ќе вози во Ф1!

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, ќе дебитира во Формула 1 следната сезона, а ова информација беше потврдена на социјалните мрежи откако наследникот на легендарниот возач потпишал за Хас.

Синот на Шумахер требаше да дебитира во Ф1 и сезонава, кога требаше да вози за Алфа Ромео, но тоа не се случи, па остана во Формула 2, каде што по 11 трки е на лидерската позиција со 205 поени.

„Фактот што следната сезона ќе возам во Ф1 ме прави неверојатно среќен и останав без зборови. Сакам да му се заблагодарам на тимот на Хас, Ферари и академијата на Ферари, што ми веруваа“, кажа Мик.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)