Официјално: Расел потпиша за Вилијамс! (ФОТО)

Младиот Англичанецот Џорџ Расел потпиша договор со Вилијамс и од наредната сезона ќе биде трет возач во таа екипа од Формула 1.

Со потписот за Вилијамс, Расел стана третиот Англичанецот кој ќе се натпреварува во Формула 1, а покрај него во „најбрзиот циркус“ уште се Луис Хамилтон и Лендо Норис.

„Се чувствувам како да сум на врвот на светот. Ова е остварување на мојот сон“, кажа 20-годишниот возач по потпишување на договорот.

Расел во моментов е прв во шампионатот на Формула 2, а претходните две години ги помина во програмата на Мерцедес за млади возачи.