Официјално: Ленс Строл ќе вози за Форс Индија (ВИДЕО)

Форс Индија денеска потврди дека Ленс Строл наредната сезона ќе вози на местото на Естебан окон.

Младиот возач минатата сезона возеше за Вилијамс, а веќе во Абу Даби го тестираше болидот на Форс Индија.

„Со задоволство објавуваме дека Ленс е наш возач, па ќе биде во тимот заедно со Серхио Перез наредната сезона“, пишува во соопштението.

Инаку, летоска иднината на клубот ја обезбеди токму таткото на Ленс. Лоренс Строл инвестираше во клубот и сега Форс Индија е стабилен клуб.