Официјално: Карлос Саинц ќе го замени Алонсо во Мекларен! (ФОТО)

Фернандо Алонсо вчера соопшти дека од наредната сезона нема повеќе да настапува во Формула 1, а таа информација ја потврди и неговата екипа Мекларен, која тргна веднаш по потрага по негова замена.

„Би-би-си“ пишува дека Карлос Саинц потпишал повеќегодишен договор со Мекларен и тој ќе биде замената за Алонсо од наредната сезона.

Инаку, Саинц во моментов е во Рено, каде што го испратија од Ред Бул.

„Јас сум навивач на Мекларен откако знам за себеси. Тие се одлична екипа со голем квалитет“, кажа 23-годишниот Саинц.

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун кажа дека се воодушевени затоа што во нивната екипа ќе се приклучи младиот Саинц.

„Ние сме возбудени затоа што Карлос ќе се приклучи на нашата екипа“, кажа Браун.