Официјално: Хамилтон го загуби третото место во Бразил (ВИДЕО)

Луис Хамилтон останува без третото место освоено на денешната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. Возачот на Мерцедес заработи казна од пет секунди. 

Неговото место официјално ќе го заземе Карлос Сајнц Јуниор од Мекларен, додека Хамилтон ќе биде дури на седмата позција поради казната. Ова ќе биде голем успех за Шпанецот, бидејќи трката на „Интерлагос“ ја стартуваше од 20-тото место.

Светскиот шампион заработи казна поради судирот со Александер Албон од Ред Бул. Хамилтон и самиот изјави дека е виновен во обраќањето на првите тројца по трката.

„Му се извинувам на Албон, ова беше целосно моја вина, не му оставив доволно простор“, рече Британецот.