Официјално: Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1!

Фернандо Алонсо нема да настапува во Формула 1 од следната сезона! Оваа информација и официјално ја потврди тимот на Мекларен попладнево.

Уште пред неколку дена Алонсо најави дека на 14 август ќе објави некаква вест. Светската јавност се двоумеше дека тоа ќе биде некоја информација за неговата иднина или нешто поврзано со други активности како картинг школата, но ништо од тоа.

На крајот информацијата испадна сензационална, по 17 минати сезони во Ф1, двократниот светски шампион се повлекува од Формула 1. Во кариерата досега оствари 32 победи, 22 пол позиции и 19 подиуми.

Освен двете тиули во 2005 и 2006 година, дури трипати беше вицешампион (2010, 2012 и 2013). Во кариерата возеше за Минарди, Рено, Ферари и Мекларен, каде што помина вкупно пет сезони, вклучувајќи ја и оваа.