Објавен календарот во Формула 1 за 2021 година (ФОТО)

Следната сезона во Формула 1 ќе брои 23 трки, а од календарот исфрлена е Големата награда на Виетнам. 

Традиционално сезоната во Ф1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 21 март 2021 година. Оваа сезона не стартуваше во Австралија поради Ковид-19 и трката беше откажана во последен момент.

Потоа следуваат трките во Бахреин и Кина, но засега не е потврдено која ќе биде четврта трка, бидејќи Големата награда на Виетнам е избришана од календарот, а требаше да се одржи на 25 април. Виетнам требаше да дебитира во Ф1 оваа сезона, но трката беше откажана поради пандемијата, па сега челниците на најпрестижното авто-мото натпреварување бараат замена.

Доколку се пополни календарот и навистина има 23 трки тоа ќе биде рекорд во досегашната историја на натпреварувањето. Единствената нова трка е онаа за ГН на Саудиска Арабија, што ќе се одржи низ улиците на Џеда на 28 ноември. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The 2021 F1 calendar is here! #F1 #Formula1 #Motorsports

A post shared by FORMULA 1® (@f1) on