Нова доминација на Мерцедес: Ботас освои пол-позиција во Шпанија!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за Големата награда на Шпанија, петтата трка во годишениов шампионат на Формула 1.

Финецот третпат по ред беше најдобар во квалификациите, а на патеката во Шпанија стигна до десетата пол-позиција во кариерата. Во борбата за неа беше побрз од тимскиот колега Луис Хамилтон, кој ќе му се приклучи во првиот ред на стартот, во недела од 15.10 часот.

Себастијан Фетел од Ферари беше трет на квалификаците, а го следеше Макс Ферстапен од Ред Бул, додека по него заврши Шарл Леклер.