Нов хаос во Бахреин: Квајт го турна Грожан, па го преврте и – Строл (ВИДЕО)

После скоро еден час откако се случи страшниот инцидент со Роман Грожан, кој за среќа остана неповреден откако неговиот болид се скрши на два дела, па експлодираше, рестартот на трката во Бахреин донесе нов инцидент – се преврте Ланс Строл.

Квајт по чиј мал судир го однесе Грожан во оградата и „кумуваше“ за страшната несреќа, после рестартот на сличен начин се судри со Строл, па го преврте болидот на кров.