Лауда повторно има проблеми со здравјето: Заврши во болница

Поранешниот шампион во Формула 1, Ники Лауда е примен во болница во Виена поради симптоми на грип, пет месеци откако му беше извршена трансплантација на белите дробови. 

Австриецот бил на Ибица, каде ги поминал новогодишните празници и се рехабилитирал од тешката операција. Неговото здравје се влошило и веднаш бил префрлен во Виена. 

Лауда се наоѓа во стабилна состојба и според информациите, би требало да биде пуштен од болница во текот на идната недела.

Легендарниот возач во 1976 година доживеа тешка несреќа на „Нирбургринг“, кога речиси една минута гореше во својот болид. Се здоби со сериозни изгореници и уште од тогаш имаше проблеми со дишењето поради токсините, што ги вдишал додека бил заробен во болидот.