„Ни требаат повеќе судири во Ф1, за ништо трошиме – милиони евра“

Најатрактивниот авомобилистички циркус Формула 1 станува се подосадна за спортската јавност во последните години, па со тоа и популарноста сериозно опаѓа, најмногу и поради низата промени што ги донесе раководството на Ф1. Ако се додаде дека големите трошоци не придонесуваат за популарност на спектаклот, повеќе од јасно е дека има крајно незадоволни во „октанскиот циркус“.

Ф1 ја загуби привечноста со воведувањето на турбо-моторите, ЕРС-системот со кој се зголеми термичката моќ на моторите, се намали потрошувачката, но ослабе и звукот кој генерациски најмногу ги воодушевуваше фановите на Ф1. Сезонава е воведен и хало систем како заштита за главата на возачите, но тој систем го нарушува изгледот и естетиката на болидите, а поради се поголемиот акцент на безбедноста, патеките се посигурни со голем број на асфалтирани зони.

Поради сето ова, Ф1 станува досадна и неинтересна, па Франц Тост, шефот на Торо Росо потенцира дека мора да се вратат претркувањата и судирите за да се врати возбудливоста, а со тоа и гледачите да имаат во што да уживаат.

„Луѓето сакаат претекнувања, судири, различни победници. Ф1 мора да го здржи елементот на непредвидливост, да предизвика возбудување кај гледачите. Никој не сака некој да се повреди, ама сакаат судари. Јас ова го зборувам од тоа што мене пријателите ми го кажуваат. А, ми велат: 'Еј Франц во минатото гледавме барем првите два круга и секогаш некој со некого ќе се судреше. Сега ни тоа повеќе го нема'. И тоа е навистина така. Или ќе прифатиме тоа што навивачите го сакаат, или интересот за Ф1 ќе продолжи да опаѓа“, вели Тост.

Тој потенцира и една ситуација од минатата сезона по која е јасно зошто популарноста на Ф1 опаѓа.

„Се сеќава ли некој на трката во Абу Даби минатата сезона? Да имаме повеќе такви трки, веќе никој нема да гледа Ф1. Мора да покажеме више. Јас да сум Либерти Медија, се ќе свртам наопаку. Ние сме тотално луди што трошиме 400-500 милиони евра годишни. А, за што? Два болиди да овозможат некаков спектакл во недела попладне. Па, господе боже, можеме таков спектакл да понудиме и со 80 до 100 милиони“, потенцитра Тости