Невремето направи хаос: Формула 1 како НБА - во 3 наутро!

Она што се очекуваше се исполни, целата програма за сабота на јапонското гран-при од Формула 1 е откажана, а само квалификациите добија нов термин. Ќе се возат в недела во 10 часот по јапонско време или во 3 часот наутро по македонско време.

Тоа значи дека ќе се возат, практично, четири часа пред самата трка, која е закажана за 7.10 часот по македонско време во истото утро. Третиот слободен тренинг е целосно откажан и нема воопшто да се вози.

Причина за ова е тајфунот Хагибис, кој беснее околу јапонскиот остров Хоншу и за кој цела недела се предвидуваше оти ќе кулминира викендот. За сабота се очекуваат ветришта од со брзина од околу 120 километри на час, а во такви услови безбедноста на една Ф1-трка е сериозно загрозен, не само на возачите, туку и на гледачите на трибините.