Непознато лице го купи болидот на легендарниот Сена од 1993. година

Болидот на легендарниот бразилски возач, Аиртон Сена од 1993. година е продаден во Монако за 4,19 милиони евра.

Не е откриен официјално идентитетот на купувачот, но светските медиуми пишуваат дека нов сопственик на болидот е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, кој во моментот на продажбата бил во Монако.

Познатиот колекционер и љубител на ретки автомобили Еклстоун во меѓувреме го негираше тоа, но наскоро ќе биде познато кој е новиот сопственик на легендарниот болид.

Аиртон Сена шест пати победи на трката за Големата награда на Монако, а возилото кое беше понудено на аукција беше од неговиот послден триумф од 1993. година.

Од аукциската куќа „Бонамс“ соопштија дека возилото е функционално. Цената за која бил продаден болидот изнесува неверојатни 4.197.500 евра.