„Нема Ф1-трки во Бахреин и Виетнам - сезоната замира се до мај!“

Трките за Големите награди на Бахреин и Виетнам се одложени поради пандемија на коронавирусот.

Викендов требаше да стартува новата сезона во Формула 1 со трката за Големата награда на Австралија, но истата е одложена поради коронавирусот, а со такво сценарио се соочија и организаторите на Бахреин и Виетнам.

Инаку, трката во Бахреин беше предвидена за следниот викенд и истата требаше да се вози зад затворени врати, но од ФИА информираа дека ќе биде одложена.

Kинеското ГП кое беше предвидено за на 19 април беше прво откажано. Меѓутоа, челниците на Ф1 бараат да продолжат со трката за Големата награда на  Холандија, која е предвидена за 3 мај.

Инаку, првата трка сезонава беше присилно откажана поради тоа што еден член на Мекларен беше позитивен на коронавирусот.

По повлекувањето на Мекларен од трката за ГН на Австралија, сега сме во состојба да направиме дополнително промени. Во тимот на Мекларен, покрај евидентираното лице, во карантин се наоѓаат уште 14 луѓе кои биле во близок контакт со заразената личност. Тоа беше главната причина за откажувања на неколку трки, па затоа сезоната ќе започне дури во мај, соопштија од ФИА.