Тажна вест за фановите на Ф1 - укинати се „грид девојките“!

Управата на Формула 1 одлучи да ги укине т.н. „грид девојки“, кои од почетокот на новата сезона нема повеќе да ги гледаме пред стартот на трките.

Овие прекрасни девојки беа модели кои се користеа во промотивни цели, најчесто за рекламите на спонзорите, чие име го носеа на нивната облека.

Директорот на комерцијалните операции на Формула 1, Ѓон Бречес ја образложи вистинската причина поради овој потег, со кој се отстранува една „традиција“ на овој спорт.

„До ваква одлука се дојде поради тоа што овој обичај не е во согласност со вредностите и модерните општествени норми“, тврди директорот на Формула 1.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 25 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.