На Раиконен никој ништо не му може: Ако се пожалат - веднаш си заминувам

Поранешниот пилот на Ферари, Кими Раиконен кој оваа сезона вози за Алфа Ромео, јавно кажа дека ќе си замине од клубот во случај да стигнат поплаки на негова адреса.

Тој се пожали дека челниците во иднина ќе мора да превземат поостри мерки кога се во прашање ограничувањата на пилотите.

Многу екипи ги ограничуваат пилотите, не дозволувајќи им на тие да преземат ризици од патеката. Јас не сум го прочитал договорот, затоа што, колку што разбирам, во него нема нешто што не чини. Кога за прв пат разговаравме со Алфа Ромео, им реков дека ако се жалат на нешто, веднаш ќе заминам, изјави Раиконен.

Постојат многу опасни работи во животот. Се разбира, треба да бидете внимателни. Но, треба да зборувате за проблемите кога ќе се појават, а не веднаш да се „ронат солзи“, додаде еден од најискусните пилоти во Формула 1.