На местото на успехот – Маркез стави потпис на нов договор!

Четирикратниот шампион во Мото ГП шампионатот, Шпанецот Марк Макрез потпиша нов двегодишен договор со екипата на Репсол Хонда, чии мотори ќе ги вози во сезоните 2019 и 2020.

Актуелниот шампион во „кралската класа“ во Хонда пристигна во 2013. година, а на крајот на истата ја освои титулата.

Одличниот Шпанец без трофејот остана само во 2015. година, а во најновата сезона влегува со високи амбиции и намера да се одбрани титулата.

„Многу сум возбуден зашто во иднина ќе продолжам да возам за Хонда во Мото ГП шампионатот. Горд сум што сум дел од нивното семејство и многу го почитувам тоа што Хонда секогаш се обидува да ми обезбеди се што ми е потребно. Првите два тестови пред новата сезона поминаа добро, а сега ќе продолжам да уживам во возењето“, изјави Маркез.

Новата сезона, која треба да биде исполнета со многу возбудувања, започнува на 18. март во Катар.