Мото ГП трки ќе се возат во Катар до 2031 година

Светскиот шампионат во Мото ГП ќе се вози во Катар најмалку до 2013 година, така соопштија организаторите на натпреварувањето.

Во недела на патеката „Лосаил“ во Катар ќе почне новата сезона во Мото ГП шампионатот, а на патеката ќе се натпреваруваат најдобрите и во иднина, зашто според новот договор соработката е продолжена на уште пет години.

Претходниот договор беше до 2026 година, но по продолжувањето на соработката, тој ќе важи до 2031 година.

Катар е во Мото ГП од 2004 година, а четири години подоцна беше одржана првата ноќна трка под рефлектори.