Мото ГП нема да почне најрано до средина на јуни

Најбрзиот мотоциклистички шампионат Мото ГП нема да стартува најрано до средина на јуни, откако две трки денеска од календарот очекувано беа одложени, зашто станува збор за гранп-рија во двете најпогодени земји во Европа, Италија и Шпанија.

После серијата на одложувања на трките од календарот за оваа сезона, на ред дојдоа одложувањата и на италијанското гранпри закажано од 29 до 31 мај, а потоа и гранприто на Каталуња закажано од 5 до 7 јуни. Сето ова значи, дека кралската класа во мотоциклизам до средина на јуни ќе нема активности, а потоа...

Засега дали и кога ќе се вози некаква трка, дали ќе се прави нов календар нема конкретни одговори ни од раководството на Мото ГП, како што нема одговор за вакво нешто и во другите спортови сооглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот.

Сезоната во Мото ГП требаше да почне во Катар на 8 март.