Мото ГП го објави распоредот на трките за 2021 година!

Најквалитеното мотоциклистичко натпреварување во светот, Мото ГП-шампионатот, го објави прелиминарниот календар за 2021 година, кој е речиси идентичен со тој по кој требаше да се вози годинешната сезона.

Исклучок е единственот Големата награда на Чешка, која ја нема на списокт, но тоа не значи дека патеката во Брно нема да биде дополниелно приклучена во календарот. Новиот светски шампионат во мотоциклизмот би требало да започне со ноќната трка и тоа на 28.март во Катар, а потоа ќе се возат трките во Аргентина и САД.

Од мај на програмата е европскиот дел од првенството со трките во Херез, Ле Ман, Муџело, Барселона, Захсенринг, Асен, Финска, Шпилберг, Силверстон, Арагон и Мизано. На почетокот од октомври, Мото ГП се сели во Азија, за каде што се предвидени трките во Јапонија, Тајланд, островот Филип и Индонезија.

Последната трка во сезоната, според традицијата, ќе се вози во Валенсија.