Моментот кога Фетел се судри со Ферстапен на „Силверстоун“ (ВИДЕО)

Инцидентот меѓу Себастијан Фетел и Макс Ферстапен ја одбележа трката во Формула 1 на „Силверстоун“.

Во 37 круг Фетел се обиде да го премине Ферстапен и да стигне до третото место, но притоа удри во неговиот болид, по што го исфрли возачот на Ред Бул од патеката, но и тој самиот заврши во песокот.

Фетел на крајот помина полошо, зашто трката ја заврши на 16. место, додека Ферстапен успеа да освои бодови и заврши како петти.

Да потсетиме, на „Силверстоун“ победи Луис Хамилтон, а зад него заврши Валтер Ботас.