Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 (ВИДЕО)

Младиот германски автомобилист Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, направи нов чекор во својата кариера, па преминува во Формула 2.

Мик по две сезони поминати во Формула 3, во која оваа година ја освои титулата со својата екипа, се доближи на еден чекор од Формула 1, каде што го очекуваат многу навивачи на неговиот татко Михаел.

Синот на Шумахер доби многу пофалби, меѓу кои беа тие од Луис Хамилтон, Тото Волф...

„Навистина се радувам што ќе соработувам со Према рејсинг и во Формула 2. Тоа е логичен потег според мене, зашто сакам уште повеќе да напредувам“, кажа Мик.