Мик Шумахер ќе вози во Ф1 со бројот 47, а тој број крие многу емотивни моменти!

Синот на германската автолегенда Михаел Шумахер, Мик од следната сезона ќе вози за тимот на Хас во Формула 1, па младиот возач го избра бројот 47 со кој ќе вози во својата деби сезона во „октанскиот циркус“.

Многумина се прашуваа зошто Мик го одбрал бројот 47, а зад него се кријат многу емотивни моменти. Бројот четири му е омилен број од Формула 3, а бројот седум ги симболизира седумте шампионски титули на неговиот татко Михаел.

Но, исто така, бројот 47 е и збирот на датумите на родендените на неговиот татко и на неговата мајка, па сето тоа едноставно го „натерало“ да си го избере бројот со кој ќе дебитира догодина во Ф1.

Мик е многу близу да стане шампион во Формула 2, зашто моментно е лидер во генералниот пласман. Инаку тој беше исклучително успешен во послабите категории и му се предвидува голема кариера.