Мерцедес со еден-два победа во Австрија: Хамилтон на највисокото скалило

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на втората сезонска трка во Формула 1 шампионатот што повторно се возеше во Австрија на „Ред Бул ринг“.

Британецот стигна до 85-тата победа во кариерата и значително го подобри својот пласман по четвртото место на првата трка минатата недела. Неговиот тимски колега Валтери Ботас кој славеше минатиот викенд, овој пат заврши втор, откако во 67-тиот круг го мина Макс Ферстапен од Ред Бул, кој пак финишираше како трет.

Во поени влегоа и Алекс Албон, Лендо Норис, Серхио Перез, Ленс Строл, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц и Данил Квајт. Возачите на Ферари имаа ужасна трка и тоа поради Шарл Леклер кој се судри со својот тимски колега Себастијан Фетел уште во првиот круг при свиокот број 3.

Следната недела се вози на патеката „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија.