Мерцедес најде замена за Хамилтон, и тоа во тимот на Вилијамс! (ФОТО)

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон нема да може да вози за Големата награда на Шахир во Бахреин, а негова замена во болидот на Мерцедес ќе биде актуелниот возач на Вилијамс, Џорџ Расел.

Мерцедес објави дека Расел, кој беше дел од академијата на Мерцедес, ќе вози за нивниот тим, додека за Вилијамс во болидот на трката ќе седне Џек Ејткен.

„Малку луѓе имаат среќа да возат за една Ф1 екипа секоја година. јас имам шанса да возам за две. Голема благодарност до Вилијамс и Мерцедес за оваа шанса“, кажа Расел.